Европскиот првак не личи на себе, ги загуби сите четири меча во новата сезона (Видео)

Анадолу Ефес не личи на екипата што ја брани титулата во Евролигата и вечерва го загуби и четвртиот меч во новата сезона, од Милано на гости со 75:71.

Турците водеа со 30:20 и најавија дека конечно ќе победат во четвртото коло, но домашните кошаркари се разиграа и со серија од 22:6 заминаа на пауза со предност под 42:36.

На крајот на третата четвртина Милано ја имаше и најголемата предност од 63:49, но гостите успеаа да стасаат до 63:60 со серија од 11:0, но сепак загубија.

За италијанскиот тим ова е четврта победа по четири кола во Евролигата.

Претходно ЦСКА Москва ја победи Црвена Ѕвезда со 78:76, Барселона славеше против Монако со 85:81 на гости по продолженија, а Олимпијакос го декласира Жалгирис со 83:68.

Во тек е последниот меч од четвртото коло и Реал Мадрид има двоцифрена предност против Панатинаикос во средината на последниот период.

- Оглас -

Најнови вести