Европскиот првак се лизна во Неапол, Валенсија го нокаутира Челзи (Видео)

Елиф Елмас беше таличен за Наполи на стартот од Лигата на шампионите, влезе во игра во 75-тата минута, а италијанскиот вицешампион го победи европскиот првак Ливерпул со 2:0.

По влегувањето на македонскиот репрезентативец, кој дебитираше во ЛШ, Наполи постигна два гола и го нокаутира европскиот првак.

Мертенс од пенал во 82-рата минута му донесе предност на домаќинот, а Фернадо Љоренте погоди во последните моменти за голема победа на Наполи од 2:0.

https://www.youtube.com/watch?v=awr3350AzJk

https://www.youtube.com/watch?v=bSH8D2PwFQM

Дербито во Дортмунд заврши без голови, а Борусија пропушти шанса да ја победи Барселона. Пенал во 57-мата минута утна Марко Ројс, па мечот заврши без голови.

Утка од белата точка имаше и во Лондон, а трагичар е Рос Баркли, кој не успеа да го спаси Челзи од пораз. Во 88-мата минута англискиот репрезентативец не го погоди пеналот, а претходно во 74-тата минута Родриго погоди за Валенсија доволно за победа на гостите од 1:0.

Уште само една гостинска екипа славеше денеска на премиерниот ден од новото издание на ЛШ. Лајпциг ја победи Бенфика со 2:1, а печат на стартот со убедлива победа од 6:2 против Генк стави Салцбург.

Резултати: Интер – Славија Прага 1:1, Лион – Зенит 1:1, Борусија Дортмунд – Барселона 0:0, Наполи – Ливерпул 2:0, Ајакс – Лил 3:0, Бенфика – Лајпциг 1:2, Челзи – Валенсија 0:1, Салцбург – Генк 6:2. 

- Оглас -

Најнови вести