Европскиот првак се распука, Интер одлично се држи на „Камп ноу“

Актуелниот европски првак Ливерпул се налути и ја наполни мрежата на Салцбург во првото полувреме и води со 3:1, а Интер најавува изненадување на „Камп ноу“ и има предност од 1:0 пред продолжението на мечот со Барселона.

Ајакс ја казни големата утка на Дани Парехо од белата точка и по евроголот на Зијех, потоа погоди и Промес за предност од 2:0 против Валенсија на „Месталја“.

Гостите се поуспешни на шесте последни натпревари од второто коло во Лигата на шампионите, а покрај Ајакс и Интер води и Лион во Лајпциг со 1:0. Нерешено е на мечот меѓу Лил и Челзи, 1:1, а освен Ливерпул на домашен терен по првите 45 минути, предност има и Зенит со голот на Ѕјуба против Бенфика.

- Оглас -

Најнови вести