Европскиот првак се сопна во Израел

Израелската спортска гордост Макаби Тел Авив успеа да го добие дербито на 13-тото коло и со победа од 90:80 го урна актуелниот европски првак ЦСКА Москва.

Да биде уште послатко за Макаби, и особено за Отело Хантер, поранешниот кошаркар на ЦСКА беше незапирлив за своите неодамнешни соиграчи и со 20 поени и шест скока го предводеше домаќинот до деветтата победа во Евролигата.

Расположен за игра беше и Скоти Вилбекин, кој постигна 22 поени, најмногу на мечот. Макаби успеа да направи голем пресврт и по негативата од 9 поени по првата четвртина, 20:29, победи со десет поени разлика.

Кај ЦСКА, Мајк Џејмс постигна најмногу поени, вкупно 22, но Армејците го претрпеа петтиот пораз сезонава во Евролигата.

- Оглас -

Најнови вести