Европскиот шампион ќе го реновира „Етихад“, ќе има бар на кровот, нов хотел, покриена навивачка зона…

Европскиот и англиски шампион Манчестер сити, во ноември ќе започне со реновирање на стадионот „Етихад“, капацитетот ќе биде зголемен од 53.000 на 60.000 седишта, а ќе бидат воведени и други новитети кои ќе им овозможат поголемо уживање на навивачите.

Покрај зголемнувањето на капацитетот, ќе биде изграден бар на нивото на кровот од каде ќе има директен поглед на теренот. За навивачите ќе биде изградена покриена навивачка зона која ќе има капацитет до 3.000 фанови и ќе бидат изградени нова клупска продавница, канцеларии за вработените, музеј и хотел со капацитет од 400 легла.

https://twitter.com/DeadlineDayLive/status/1684804767543971840?s=20

Реконструкцијата на „Етихад“ се очекува да заврши кој крајот на 2025 година, а ќе го чини Сити 340 милиони фунти.

Градскиот стадион во Манчестер е изграден 2003 година и оттогаш на него игра Манчестер сити кој го закупи на 200 години и го преименува во „Етихад“.

- Оглас -

Најнови вести