Европскиот шампион се „лизна“ во Белград, Португалија победи на јубилејот на Кристијано Роналдо (Видео)

Репрезентацијата на Србија го направи најголемото изненадување на отворањето на новото издание на Лигата на нациите откако без неколку стандардни фудбалери успеа да остане непоразена на домашен терен од Европскиот шампион Шпанија откако мечот заврши без голови, 0-0.

Португалија со 2-1 ја победи Хрватска во мечот на кој Кристијано Роналдо испиша историја и го постигна својот 900-ти гол во кариерата. Освен Роналдо, на натпреварот во Лисабон погоди и Диого Далот, по еднаш во противничката и сопствената мрежа.

Селекцијата на Данска со 2-0 на домашен терен славеше над Швајцарија, додека Полска со гол во 97-мата минута победи на гостувањето кај Шкотска со 2-3… Во „Б“ дивизијата, Белорусија и Бугарија одиграа 0-0, Словачка со минимални 0-1 победи на гостувањето кај Естонија, а Северна Ирска со 2-0 го победи Луксембург.

- Оглас -

Најнови вести