Европските селекции денеска ќе доминираат во Катар

6709 Германија – Јапонија (14.00 часот)

Германците во 2014 година беа светски прваци, а во 2018 испаднаа уште во групната фаза, па ова им е шанса да покажат дека ја научиле лекцијата. На СП во Русија пред четири години, Германците во првото коло загубија од Јужна Кореја, а сега во првото коло имаат дуел со една друга азиска селекција. Кај Германија потврдено е отсуството на Лерој Сане. Јапонците на последната контрола пред СП загубија од Канада. Овие два тима во минатото двапати играле меѓсебе, но тоа биле пријателски мечеви кои завршувале со 3+ голови.

Предлог тип: 1 & 2-4 (2.40)

 

6710 Шпанија – Костарика (17.00 часот)

Овој меч е „виден однапред“, Шпанија ќе ја држи долго топката во свои нозе и напаѓа, а Костарика ќе се брани, ќе чека шанса од контра и ќе се моли Кејлор Навас да има свој ден за да избегнат убедлив пораз. Костариканците нема да се предадат без борба, но тешко дека може да избегнат пораз. Тешко дека Костарика може да даде гол и затоа типуваме на триумф на Црвената фурија во двете полувремиња и со чиста мрежа.

Предлог тип: 1 сиг. и двој. (2.30)

 

6711 Белгија – Канада (20.00 часот)

Црвените ѓаволи се фаворит од сенка на овој Мундијал, а Канада по долги години пауза, пак е учесник на СП. Во нивна група се и Хрватска и Мароко, па за Белгија не би било добро ако киксира во овој меч на кој ќе фалат ѕвезди. Кај Белгија ќе го нема Лукаку, а Канада е без бекот на Баерн, Дејвис. Белгија беше шокирана од Египет на контролата пред пет дена, додека Канаѓаните ја совладаа Јапонија.

Предлог тип: 1 & 0-3 (2.40)

 

6933 Челзи жени – Реал М. жени (21.00 часот)

Ова е дуел од женската Лига на шампиони. Англискиот тим е фаворит и би требало да слави. Сините во првите две кола во групата победуваа и имаат гол-разлика 9-0. Реал има 4 бода и гол-разлика 2-0. Иако двата тима немаат примено гол, сепак реално е да бидат постигнати барем три погодоци. Челзи дома нема пораз уште од март.

Предлог тип: 1 & 3+ (2.21)

 

6934 Рома жени – Волфсбург жени (21.00 часот)

Двата тима победуваа во првите две кола, па ова е дерби на групата. Германките немаат примено гол, а иако се гостинки во Рим, сепак се фаворити. И Волчицата е во долга триумфална серија, но Волфсбург има уште поголема низа која трае од април. Ова е прв меѓусебен дуел на Рома и Волфсбург, проблем за Рома е што во Серија А не е навикната да игра против силни екипи како германскиот тим, кој има поголемо искуство.

Предлог тип: 2 (1.54)

- Оглас -

Најнови вести