Европското е на дофат за ракометарите, голема победа во Швајцарија!

Ракометната репрезентација на Македонија славеше во Швајцарија со 25-23 и извојува победа во веројатно најважниот натпревар за нашите во овие квалификации за Европското првенство во 2022 година. Македонија ја продолжи традицијата да победува во дуелите со Швајцарците кои ни се стари муштерии.

Сега Македонија има две победи, а следуваат две дуели со фаворитот Данска, но и вториот од оваа група ќе се пласира на континенталниот шампионат.

Избраниците на селекторот Данило Брестовац губеа со 15-18 во 45-та минита, а тогаш за 6 минути направија серија од 5 -0, и го презедоа водството, кое знаеја како да го задржат до крај.

Кирил Лазаров и Филип Кузмановски со по 7 гола беа најефикасни, Стојанче Стоилов даде пет, а по четири реализации имаа Гоце Георгиевски и Бојан Маџовски.

- Оглас -

Најнови вести