Европското првенство во 2025 година ќе се игра во три земји

Кошаркарското европско првенство во 2025 година ќе се игра во Летонија, Кипар и Финска, објави ФИБА.

Групната фаза од континенталниот собир ќе се игра во сите три земји, а потоа завршницата ќе биде само во Летонија. Кипар никогаш досега не бил дел од завршница на Европското првенство и ова ќе биде нивна шанса за дебитантски настап.

Летонија и Финска веќе биле дел од континенталните собири, а претквалификациите веќе се започнати. Конечниот список на учесници на ЕП 2025 треба да бидат познати во февруари 2025 година.

 

- Оглас -

Најнови вести