Багатела и за Словенците, билети по цена од шест евра за Македонија

Евтино и за нашите симпатизерите, но и за Словенците ќе биде присуството на квалификацискиот дуел меѓу Македонија и Словенија на 10 октомври.

Словенечкиот фудбалски сојуз им понуди на симпатизерите да патуваат за Скопје со вклучена влезница што чини само шест евра, или околу 360 денари.

За македонските љубители на фудбалот цената ќе биде од 50 денари за западната трибина, до 150 и 200 денари за место на јужната и северната трибина.

Мечот ќе се игра на 10 октомври од 20.45 часот и може да биде клучен за нас. Со победа ќе се израмниме со Словенците со по 11 бода, а евентуално реми или пораз речиси сигурно ќе не исфрли од игра за настап на Европското првенство во 2020 година преку квалификациски циклус, а би ни останала шанса да играме на европскиот фудбалски самит со успех во Лигата на нациите.

- Оглас -

Најнови вести