Ф1 станува досадна: Хамилтон победи, Ботас втор

Луис Хамилтон е победник на патеката во Каталуња, за Големата награда на Шпанија. Веднаш зад Британецот се најде неговиот клупски колега Валтери Ботас, додека третото место го освои Макс Верстапен. Со оваа победа, возачите на Мерцедес само ја потврдија неверојатната доминација сезонава. Во сите пет трки кои се возеа досега, возачите на Мерцедес се на првите две позиции.

„Испишуваме историја. Пет трки, пет еден-два победа. Многу сум горд на тоа“, рече веднаш по трката, Хамилтон.

За Луис ова е вкупно 76 победа во кариерата, а четврти триумф на шпанското Гран при. Само Михаел Шумахер со шест победи во Шпанија е подобар од Хамилтон на шпанско тло.

- Оглас -

Најнови вести