Ф1 трките не памтат ваква атмосфера, јасно беше кој ќе победи (Видео)

Макс Ферстапен не дозволи никакво изненадување и извозе шампионски за нова победа во Ф1 шампионатот. Денешниот триумф има посебно значење за Ферстапен затоа што е остварен пред домашната публика на патеката „Зандворт“ на трката за Големата награда на Холандија.

Домашните фанови направија фантастична атмосфера уште пред започнување на трката, а трибините личеа како да се од некое големо фудбалско дерби.

Освен победата, Ферстапен го имаше и најбрзиот круг, па од оваа трка доби максимални 26 бодови. Зад него се најде Расел, Леклер, додека поени освоија и Хамилтон, Перез, Алонсо, Нирис, Саинц, Окон и Строл.

За Холанѓанецот ова беше јубилејна 30-та победа во Ф1 кариерата.

Во генералниот пласман, Ферстапен има над 100 бодови предност во однос на најблиските ривали, а до крајот на првенството има уште седум трки.

 

- Оглас -

Најнови вести