ФА го казни Дајер за обидот да се тепа со навивач на трибините

Англиската фудбалска асоцијација го казни фудбалерот на Тотенхем, Ерик Дајер, за недолично и агресивно однесување по дуелот против Норвич во ФА купот, кој се одигра на 4 март. Даер се обиде да се тепа со еден навивач кој го навредуваше фудбалерот непосредно откако тимот на Жозе Мурињо претрпе елиминација по изведувањето пенали.

Навивачот го навредуваше Дајер, на што Англичанецот не остана рамнодушен и тргна кон трибините за физички да се пресмета пред да го спречат стјуардите. Играчот за врска на Петлите има рок до 8 мај да се жали за казната.

- Оглас -

Најнови вести