Фабрегас: Прабаба ми е суперхероина, на 95 години го победи корона-вирусот

Прабабата на Сеск Фабрегас на 95 години успеа да го победи корона-вирусот. Членот на Монако денес на „Твитер“ ги соопшти убавите вести, откако последните тестови биле негативни. Таа била сместена во дом за стари лица во Барселона, а изрази голема благодарност до медицинскиот персонал кој се грижеше за неа.

„Прабаба ми е суперхероина, на 95 години го победи корона-вирусот. Вчерашните последни тестови се покажаа негативни. Сакам да му се заблагодарам на целиот медицински персонал кој се грижеше за неа и нивното жртвување за да ги спасат нашите животи“, напиша Фабрегас.

Инаку, Фабрегас претходно потврди дека нема да зема плата од Монако во следните четири месеци со цел клубот полесно да ја помине кризата, а станува збор за сума од околу 2 милиони фунти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести