Екипата на Милан го елиминира Наполи и првпат по 16 години ќе игра во полуфиналето на Лигата на шампионите. Поранешниот тренер на Милан, Фабио Капело, е воодушевен од пласманот на Милан помеѓу најдобрите четири екипи во Европа, но истакна дека еден играч е најзаслужен за тоа.
„Никој не веруваше дека Милан може да стигне дотука. Примија погодок на крајот бидејќи беа релаксирани и сметаа дека натпреварот е веќе завршен. Леао е фантастичен играч. Не е можно да го сопрете кога ќе почне да трча. Прави голема разлика на теренот и ако немате брз играч во екипата, тешко дека ќе можете да одговорите на неговата игра“.
Милан за противник во полуфиналето ќе го има подобриот од дуелот помеѓу Бенфика и Интер, на кој Италијанците веќе имаат предност од 2-0 стекната на гостински терен.