Фабрегас: Избрзаа со одлуката да ја прекинат сезоната

Сезоната во Лига 1 предвремено заврши, а ПСЖ ја доби титулата како првопласирана екипа пред прекинот поради пандемијата со корона-вирусот. Французите беа први кои донесоа ваква одлука од топ 5 лигите, додека останатите најгледани шампионати постепено прават чекори кон продолжување на сезоната.

Играчот за врска на Монако цеск Фабрегас, смета дека прерано се донесе одлука да не се доигра првенството.

„Ја разбирам одлуката иако беше тешка да се донесе, сепак сметам дека избрзаа во тоа. Прерано го прекинаа првенството со оглед на тоа дека останатите бараат решенија како да ја доиграат сезоната. Нормално, здравјето и безбедноста во овие моменти се на прво место“, истакна Фабрегас за француските медиуми.

Што е однесува за топ 5 лигите во Европа, Бундеслигата официјално почнува на 16 мај, додека во Шпанија, Англија и Италија шампионатите најверојатно ќе продолжат на почетокот или во средината на јуни.

- Оглас -

Најнови вести