Фабрегас првпат ќе биде тренер на сениорска екипа, ќе го предводи клубот во којшто ја заврши кариерата

Поранешниот шпански репрезентативец, Сеск Фабрегас, се очекува да биде назначен за главен тренер на италијанскиот второлигаш Комо. Тој досега ги предводеше младинците на овој клуб, а сега треба да го замени Морено Лонго, кој доби отказ од функцијата тренер на првата екипа.

Фабрегас во својата кариера настапуваше за Арсенал, Барселона, Челзи, Монако и Комо, кој му беше последен клуб пред да ја започне тренерската кариера. Комо во моментов се наоѓа на шестата позиција во италијанската Серија Б со осум поени помалку од лидерот Парма. Амбициите на клубот се пласман во Серија А, а токму во Фабрегас се гледа како на човек кој заедно со фудбалерите може да го оствари тоа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести