Фабрегас се нуди, второлигашите го одбиваат

Цеск Фабрегас по три и пол години во Монако тргнува во нов предизвик. Во залезот на кариерата, на свои 35 години реши да се врати во татковината, и тоа да игра во Втората шпанска лига.

Наводно, Фабрегас се понудил на неколку тима меѓу кои и Ла Палмас, меѓутоа барал голема плата, па тимот од Гран Канарија одби да го ангажира ексиграчот на Арсенал, Барселона и Челзи.

Со оглед на тоа дека е слободен агент, Фабрегас ќе мора да се одлучи меѓу веќе постоечките понуди од неколку екипи од МЛС лигата, како и од Блискиот Исток.

- Оглас -

Најнови вести