Фабрика за пари – Салцбург летово продаде речиси за 100 милиони евра

Австрискиот првак Салцбург може да потврди успешно лето кога станува збор за заработка од продажба на талентирани фудбалери. Клубот стигна до вкупна заработка од 92,5 милиони евра по последниот трансфер на 22-годишниот Мохамед Камара во Монако.

Неговата преселба вреди 15 милиони евра, а Камара е седмиот играч кој летово го напушти Салцбург. Највредната продажба е на Бренден Аронсон во Лидс за 32,8 милиони евра, Карим Адејеми за 30 милиони евра во Борусија Дортмунд, Расмус Кристенсен му се придружи на Аронсон во Лидс за 13 милиони евра, а за ситна сума од 1,1 милион евра е продаден Валчи на Сент Гален. Трансферите на Тодоровиќ и Дер Верф вредат 400 илјади, односно 200 илјади евра.

Салцбург супер заработуваше од трансфери и во блиското минато, како на пример: продажбата на Патсон Дака за 30 милиони евра во Лестер, Доминик Слобозлаи во Лајпциг за 22, односно Ерлинг Халанд во Дортмунд за 20 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести