Фабрицио Романо тврди: Челзи ја заврши потрагата по тренер!

Италијанскиот инсајдер за трансфер, Фабрцио Романо, во објава на социјалните мрежи тврди дека неговиот сонародник, Енцо Мареска, ќе биде новиот тренер на Челзи. Според него, Мареска уште оваа недела треба да го преземе кормилото на екипата од „Стемфорд бриџ“ и да започне со креирање на составот за следната сезона.

44-годишниот италијанец минатата сезона беше тренер на Лестер, со кого успеа да влезе во Премиер лигата, а претходно беше дел од стручниот штаб на Пеп Гвардиола во освојувањето на тројната круна со Манчестер сити. Во својата кариера бил тренер и на екипата до 23 години на „граѓаните“, како и на Парма.

Во фудбалската кариера, Мареска играше за ВБА, Јувентус, Болоња, Пјаченца, Фиорентина, Севиља, Олимпијакос, Малага, Сампдорија, Палермо и Верона. Во пензија замина пред шест години.

- Оглас -

Најнови вести