Фајнал-форот на СЕХА-лигата втора година по ред ќе се игра во Задар

Завршниот турнир во ракометната регионална СЕХА-лига ќе се игра во хрватскиот град Задар. Датумите се 3 (полуфинале) и 5 септември (финале), а шанса да се најдат таму имаат и две македонски екипи, Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер.

Во августовското четвртфинале, Вардарци на 26 и 31 играат против ППД Загреб, каде што замина Иван Чупиќ, додека битолчани на 21 и 29 август ќе имаат две битки со Мешков Брест.

Четвртфиналисти се и Мотор Запорожје, Нексе, Татран Прешов и Веспрем.

- Оглас -

Најнови вести