Факундо Кампацо е крал за атрактивни асистенции, блеска и против Полска (Видео)

Факундо Кампацо продолжи да ја забавува публиката на Мундијалот во Кина, со атрактивни асистенции, а блеска и против Полска. Веќе има 4 успешни додавања по првото полувреме, а особено убава беше асистенцијата меѓу нозе до Маркос Делија во финишот на првата четвртина.

Кампацо пред мечот со Полска беше втор најдобар додавач на Светското првенство со 30 асистенции, зад Денис Шредер, кој има 38. Аргентинецот може веќе денеска да го стаса Германецот, ако продолжи во исто темпо и во второто полувреме.

Аргентина има убедлива предност од 42:27 по првото полувреме против Полјаците во меч што одлучува за првото место во И групата.

- Оглас -

Најнови вести