Фан на Сити во славеничко расположение се изненади кога му кажаа дека испаднале (Видео)

Еден повозрасен навивач на Манчестер сити, сакајќи да го избегне метежот и турканиците при масовното излегување од стадион, реши да тргне кон дома пред завршувањето на мечот со Тотенхем од Лигата на шампионите. Проблемот е што тој беше позитивно расположен, и не знаеше дека голот за полуфинале на кој веројатно многу му се израдува, е поништен по прегледување на ВАР.

„Дали сум разочаран? Па, победивме и одиме понатаму“ – му рече навивачот на телевизискиот репортер кој го сретна во близина на „Етихад“.

Тогаш следуваше шокот. Новинарот му кажа дека голот на Стерлинг е поништен и дека Тотенхем отиде во полуфиналето. Навивачот десетина минути бил во заблуда дека Сити оди понатаму. Следниот пат, можеби уште утре кога „граѓаните“ повторно се среќаваат со Тотенхем, во меч од Премиерлигата, ќе размисли двапати дали предвреме ќе си замине од стадион.

- Оглас -

Најнови вести