Фан-зоната во Доха е празна, но низ градот е весело (Видео)

Фламенго и Ал-Хилал од 18.30 часот го играат првото полуфинале на Светското клупско првенство, а атмосферата низ Доха во Катар, каде што се игра мечот, е различна, во зависност од тоа каде се наоѓате.

Некои слики од фан-зоната која се наоѓа пред стадионот покажуваат дека таму е празно, а главна причина е што не се точи алкохол, туку се продава само јадење. А, каква беше атмосферата по кафулиња каде што се точи алкохол, доказ се фотографиите и видеата.

Бразилските фанови во голем број заминаа да го бодрат првакот на Јужна Америка и веруваат дека не само што ќе го победат Ал-Хилал, туку и во посакуваното финале ќе го совладаат и европскиот шампион Ливерпул. Сепак, дождот и студеникавото време во Доха може да бидат и проблем за Фламенго да не го покаже целиот талент, па и азискиот првак Ал-Хилал од Саудиска Арабија да ја искористи ситуацијата.

- Оглас -

Најнови вести