Фанатикот на Марсеј кршеше телевизор и по поразот на Јунајтед (видео)

Навивачот на Марсеј, Мохамед Ени, се прослави на социјалните мрежи откако се појави видео како крши телевизори по секој пораз на неговата екипа. Сега има нова епизода од неговото исклучување, Ени бил фан и на Манчестер јунајтед, а поразот од ПСЖ од 2-0 во Лигата на шампионите толку многу го погоди што одлучи да го смени тимот и да навива за Ливерпул.

Секако, Ени не испушти да жртвува уште еден телевизор за да покаже колку е фрустриран за слабото издание на „црвените ѓаволи“. Барем одбра да навива за екипа што се бори за трофеј, бидејќи Јунајтед и Марсеј му го уништија животот, а и му го испразнија новчаникот од толку купување телевизори.

- Оглас -

Најнови вести