Фанови си ги тетовираат ликовите на Коби Брајант и ќерка му (Фото)

В четврток се навршуваат два месеца од трагичната смрт на НБА-легендата Коби Брајант, кој со 13-годишната ќеркиа Џана и уште седум лица загинаа во хеликоптерска несреќа. Некои од фановите на Коби уште не можат да се помират со вистината и загубата, а некои решија да си го тетовираат неговиот лик. Во последните денови зачестиле и тетоважи на кои покрај Коби е и ќерка му.

Стив Бачер, кој ги тетовира овие дела, на социјалните мрежи објави некои од неговите тетоважи со ликот на легендата на Лос Анџелес лејкерс. На некои Коби е заедно со ќерка му, а некаде е сам.

Додека има луѓе кои ќе го паметат, Брајант никогаш нема да умре, барем не во мислите на љубителите на спортот.

- Оглас -

Најнови вести