Фановите го избраа страшниот француски дрим-тим, доминира генерацијата од 1998

Весникот „Л’Екип” се нафати да направи анкета во која читателите ќе го состават идеалниот тим на Франција за сите времиња. Според резултатот, ѕвездената селекција вклучи дури деветмина членови на генерацијата која во 1998 година стана светски, а две години подоцна и европски првак. „Црни овци“ се младиот Килијан Мбапе кој преклани освои Мундијал, и славниот Мишел Платини кој им донесе европска титула во 1984.

Мбапе е единствениот активен играч на листата, но ја доби довербата на фановите, иако пред него е долга кариера и уште многу докажување. Во тимот ги нема еден Франк Рибери, Антоан Гризман, Пол Погба, Карим Бензема, ниту Жист Фонтен кој во 1958 година даде 13 гола на СП што е рекорд во историјата. Зинедин Зидан е ставен како лево крило, а за тренер е е избран Дидие Дешан, кој во моментов е на чело на „галските петли”, што истотака укажува дека гласале претежно млади луѓе.

Франција е двократен светски и европски првак, има и едно второ и две трети места на Мундијалите, па не е лесно да се изберат само 11-мина од толку многу главни фудбалери кои го носеле дресот.

Како и да е, идеалниот тим би бил ваков: Бартез, Лизаразу, Десаи, Блан, Турам, Виеира, Дешан, Платини, Зидан, Анри, Мбапе.

 

 

- Оглас -

Најнови вести