Фановите го обожуваат, а тој се заљуби во клубот: Челзи готви нов договор за Тухел

Менаџерскиот предизвик во Челзи во изминативе две децении беше немилосрден – освој трофеи или добиваш шут-карта. Работите сепак полека се менуваат, особено откако двократниот европски првак е под ново сопствеништво на Тод Боли.

Имено, клубот отпочна процес да ја продолжи соработката со Томас Тухел. Актуелниот договор на германскиот стратег важи до јуни 2024, има време, но новата управа сака што побрзо да го осигури миленикот на фан-базата на Сините. Веќе е укажана доверба во него со летните засилувања, му составуваат тим кој ќе се бори со најсилните во Англија и во Европа, па новиот договор е сосема логичен потег.

Тухел при самото доаѓање го исполни првиот услов, освои трофеј, и тоа во Лигата на шампионите помалку од шест месеци по прифаќањето на предизвикот. Го предводеше Челзи и до три финалиња во ФА купот и Лига Купот на Англија, а во меѓувреме освоени се пехарите во европскиот Суперкуп и Светското клупско првенство, како и редовен пласман во најелитното натпреварување на УЕФА.

Со новиот договор, Тухел ќе направи нешто што не им успеало на стратези како Жозе Мурињо, Карло Анчелоти, Луис Фелипе Сколари – а тоа е да остане повеќе од три години на „Стемфорд бриџ“.

Токму Мурињо во периодот од 2004 до 2007 година беше човекот кој три години работеше на кормилото на Сините, а во вкупно два мандати Специјалниот има најдолг стаж со 320 натпревари како тренер на клубот од Западен Лондон.

- Оглас -

Најнови вести