Фановите ја обожуваат прославата по гол на Ѓокереш, дури и бебиња го имитираат (Фото)

Виктор Ѓокереш од Спортинг Лисабон сезонава учествуваше дури во 51 гол (36 гола и 15 асистенции) на 41 меч во сите натпреварувања, затоа и многу клубови го бараат.

Она по што овој Швеѓанец со унгарско потекло е препознатлив е начинот на прослава на головите. Тој ја покрива устата со двете раце, а и фановите го прифатија, па и тие го имитираат кога Виктор ќе даде гол.

Дури и бебиња сакаат да го имитираат Ѓокереш, а тој не открива што му значи таквата прослава, но откри дека не е поврзано со маската на филмскиот лик Ханибал Лектор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести