Фановите на Баерн се плашат, масовно ги враќаат билетите за Суперкупот и откажуваат патување во Будимпешта

Околу 800 приврзаници на европскиот шампион Баерн Минхен ги вратија билетите за присуство на европскиот Суперкуп кој се игра в четврток, во Будимпешта, а на кој Баварците се среќаваат со Севилја, која беше победник на Лигата на Европа.

Во Германија, главниот град на Унгарија е прогласен како ризична зона откако бројката на заразени се искачи на 50 нови случи на секои 100.000 луѓе. Секој фан на Баерн по враќањето од Будимпешта, ќе мора да биде тестиран или да заврши во карантин.

УЕФА одлучи како пилот-проект за постепено враќање на публиката на стадионите, мечот да се игра со навивачи, Баерн и Севилја добија по 3.000 билети. Но, сега се очекува на трибините да има само 500 Шпанци и 1.300 Германци. Првобитно, Баерн бараше 2.100 билети, но 800 беа вратени и јасно е дека нема да има 20.000 луѓе, како што се најавуваше.

- Оглас -

Најнови вести