Пелистер го победи МЗТ Скопје Аеродром и обезбеди „мајсторка“

Пелистер го искористи домашниот терен и со 81:76 славеше над МЗТ Скопје Аеродром во вториот меч од полуфиналната серија во кошаркарскиот плеј-оф. Со овој триумф, битолчани израмнија на 1:1 во победи и се изборија за трет решавачки дуел, кој треба да го даде патникот во финалето.

Првата четвртина беше израмнета, а Пелистер имаше минимална предност од 18:17 по првите 10 минути. Во втората четвртина битолчани заиграа многу подобро и во еден момент водеа со 14 поени предност (40:26). Контрола на резултатот имаше Пелистер и во третата четвртина, а МЗТ во еден момент само успеа да израмни на 58:58, но не и да поведе. Во последнат четвртина повторно Пелистер беше во добитна комбинација, домаќинит еконстантно водеа и на крајот стигнаа до триумф.

Американецот Бранден Џенкинс со 31 поени беше предводник на победничкиот тим, додека Танасковиќ со 22 поени беше најефикасен во тимот на МЗТ.

- Оглас -

Најнови вести