Фановите на Спартак Москва одвај го чекаат Ширле, но и неговата Ана (Фото)

Новиот играч на Спартак Москва, Германецот Андре Ширле, е подготвен да игра во црвено-белиот дрес, а фановите на овој тим очекуваат да го видат заедно со неговата сопруга Ана.

Ширле, кој во 2014 година беше член на германската репрезентација кога стана светски првак на Мундијалот во Бразил, може многу брзо да се адаптира на животот во Русија, и тоа благодарение на сопругата, која е родена во Казахстан.

Фудбалерот и моделот Ана се запознаа во 2017 година, а лани 2018 решија да стапат во брак и веќе имаат и син. Фотографиите доволно говорат зошто Ана Шарипова, а од лани со презимето Ширле, е толку популарна на социјалните мрежи.

- Оглас -

Најнови вести