Фановите најдоа доказ, Јувентус за 14 јуни подготвува нешто големо?

Маурицио Сари, Пеп Гвардиола, Маурисио Покетино, Жозе Мурињо, Симоне Инѕаги се имињата кои најчесто се вртат во јавноста како можни опции за наследници на Масимилијано Алегри на клупата на Јувентус. Кој ќе биде избран да го води најтрофејниот италијански клуб во претстојната сезона, веројатно ќе се знае на 14-ти јуни.

Симпатизерите на „старата дама“ до овој заклучок дојдоа откако најдоа „доказ“. Имено, на 14 јуни нема да работи музејот на Јувентус и забранета ќе биде обиколка на „Алијанц стадионот“. Ова, според многумина, значи дека во клупските простории ќе се одржи некој важен настан на којшто ќе присуствуваат само поканети лица. Еден од таквите настани се и официјалните претставувања на тренерите.

Интересна вест дојде од Шпанија, поточно од Каталонија. Еден новинар на каталонскиот весник „Мундо депортиво“ тврди дека пред неколку години, еден негов пријател неколку месеци пред трансферот му најавил дека Гвардиола ќе премине во Манчестер сити и погоди. Сега тој пријател му кажал на новинарот дека Гвардиола е на пат за Торино. Иако и самиот Гвардиола негираше дека ќе си оди од Англија, сепак останува да се види како ќе се развиваат настаните во наредните две-три недели.

Ако за тренер биде поставен екс тренерот на Наполи, а сегашен на Челзи, Сари, тогаш се шпекулира дека Јувентус ќе ги врати Пол Погба и Гонзало Игуаин во своите редови.

- Оглас -

Најнови вести