Фановите во делириум, Манџукиќ на пат кон Истанбул!

Искусниот хрватски напаѓач Марио Манџукиќ е на чекор од потпишување договор со Фенербахче. Иако Манџо беше интересен и за Локомотив Москва и Фиорентина, тој изгледа кариерата ќе ја продолжи во турската лига.

Манџукиќ во Фенер ќе биде наследник на Ведат Муриќи, кој потпиша за Лацио. Досега 34-годишниот Манџукиќ ги носел дресовите на Марсонија, Загреб, Динамо, Волфсбург, Баерн, Атлетико, Јувентус и Ал-Духаил.

Според турските медиуми, Манџукиќ само ситници го делат од потпис со Фенербахче, а фановите ги запалија социјалните мрежи, објавуваат клипови со голови на Манџукиќ, дури и најавуваат дека истанбулскиот гигант ќе има пеколен голгетерски тандем составен од Манџукиќ и Диего Коста, кој си заминува од Атлетико Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести