Фантастичен рекорд, против сите екипи во НБА има повеќе од еден трипл-дабл

Расел Вестбрук игра фантастична кошарка во дресот на Вашингтон визардс, тим кој има пет победи по ред, а неговата Олстар ѕвезда има необичен рекорд.

Ноќеска со учинок од 13 поени, 17 асистенции и 11 скока против Оклахома сити тандер, Вестбрук заврте цел круг во НБА и против сите 30 екипи сега има забележано најмалку два трипл-дабл учиноци.

Вашингтон ја победи Оклахома со 119:107 во ноќ што ќе ја памети Вестбрук, а неговиот тим е блиску до плејоф-зоната со биланс 24-33, колку што има и Чикаго на десеттото место, последно што гарантира настап во доигрувањето за титулата.

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести