Фантастична Македонија: Одбојкарите ја совладаа Хрватска!

Одбојкарската репрезентација на Македонија забележа нова, втора, победа по ред на домашен терен, откако вечерва ја совлада Хрватска со 3-2 и се искачи на втората позиција во нашата група во Европската златна лига.

Натпреварот го започнавме одлично и без поголеми проблеми дојдовме до предност од 2-0 во сетови откако првите два сета ги добивме со 25-17 и 25-22.

Следуваше кам-бек на репрезентацијата на Хрватска, која го доби третиот сет со 25-22 и намали на 2-1.

Најголемите возбудувања ги гледавме во четвртиот сет. Македонија најпрво се врати од негатива од 13-19, а потоа и не искористи три меч топки за победа од 3-1. Хрватска го доби сетот со 31-29.

Драмата својот епилог го доби во петтиот сет, повторно на разлика, но овојпат со среќен крај за Македонија и 16-14 за победа од 3-2.

Во нашата група во водство е Украина со максимални 9 бодови. Македонија е втора со пет поени, еден повеќе од Хрватска на третата позиција.

- Оглас -

Најнови вести