35.8 C
Skopje
понеделник, 14 јули 2025

Фараните имаат свој „шпиун“ во Скопје кој може да им каже корисни информации за македонскиот тим

Најпознато име во селекцијата на Фарски Острови за македонската јавност е Јоан Симун Едмундсон, фудбалер кој во февруари годинава потпиша за Шкупи.

Едмундсон неколку месеци беше соиграч со Кристијан Трапановски, против кого ќе има дуел в сабота од 15 часот. Сезонава Едмундсон одигра два меча за Шкупи и постигна еден гол, оној против Воска во првото коло, но откако чаирчани добија нов тренер, тој е на клупата.

За селекцијата на Фарски Острови игра и братот на Јоан, тоа е Андријас Едмундсон, фудбалер на полскиот клуб Висла Плоцк.

- Оглас -

Најнови вести