Фатална грешка: Барса наместо за Мбапе, потроши повеќе од 100 милиони евра за Дембеле

Барселона во вторникот сама се увери дека направи фатална грешка околу изборот меѓу Килијан Мбапе и Усман Дембеле. Младиот ас на ПСЖ со хет-трик ги потопи Каталонците во победата од 4-1 и им докажа дека изборот на поранешната управа да го одбие неговиот ангажман бил тотално погрешна одлука.

Агентот на Мбапе, Жуниор Мингелја, за шпанските медиуми откри дека во 2017 година неговиот клиент бил понуден токму на Барселона, но тогашната управа на чело со Жозеп Бартомеу сметала дека е лудост да се потрошат повеќе од 100 милиони евра на неискусен и недокажан фудбалер.

„Килијан имаше желба да игра за Барселона. Сепак, управата повеќе веруваше во квалитетите на Дембеле, а имаше членови на управата кои сметаа дека е лудост да се потрошат 100 или повеќе милиони евра за толку млад играч. Тие велеа дека Мбапе е никој и ништо во фудбалот за да заслужи да биде член на голем клуб како Барселона“, посочи Мингелја.

Тие средства на крајот ги потрошија за Усман Дембеле, кој изминативе неколку сезони повеќе е надвор од теренот поради повреди, отколку што игра. На другата страна, пак, Мбапе е ѕвезда на ПСЖ и трет најдобар стрелец во историјата на францускиот првак само со 22 години и е најавен како наследник на Лионел Меси и Кристијано Роналдо.

- Оглас -

Најнови вести