Фатете го последниот воз за шестото коло на Спортска Прогноза

Шестото коло од Спортската прогноза ќе биде многу интересно и несекојдневно, бидејќи поголемиот број на парови што ви ги нудиме се од квалификацискиот циклус за настап на репрезентациите на Европското првенство во 2020 година.

Денеска до 18 часот можете да се приклучите со своите прогнози во нашата бесплатна игра, што порталот „Спорт Манија“ ја организира заедно со обложувалниците на Sport Life.

Посебно интересен пар за прогнозирање е мечот во Варшава, каде Полска ја чека на мегдан Македонија, а тука можат да се разрешат многу работи, или да се закомплицира битката за првите две места во Г групата.

До овој момент според пристигнатите прогнози за Вас Полска е апсолутен фаворит, но треба да се размисли и за изненадување, бидејќи двојка типуваат многу мал број на прогнозери, а може да донесе голема предност во битка за наградите во ова коло, но и во Генералниот пласман.

Има уште 12 интересни двојки, меѓу кои се дуелите меѓу БиХ и Финска, Данска и Швајцарија, Колумбија – Чиле, Словенија – Австрија, Велс – Хрватска, Украина – Португалија… Ќе треба многу сенс, но и среќа за да се стаса до што повеќе поени, па зошто да не и до тринаесетка, која носи многу радост и вредна премија „IPhone XS“.

Наградите ви се познати во новата сезона ги има и за секое коло и за најдобрите во Генерален пласман, па треба добро да се анализираат и погодат и двата резервни парови, кои носат поени за во Вкупниот поредок.

Денеска е ден за Спортска прогноза, па повелете со вашите типови на интернет страницата на Sport Life.

 

- Оглас -

Најнови вести