Фаул, или чист автогол? ВАР судиите одлучија дека Алисон беше несмасен (Видео)

Имаше ли фаул над Алисон Бекер, или голманот на Ливерпул несмасно реагираше и си постигна чист автогол по корнерот на Вест хем во четвртата минута?

По прегледување на спорниот момент судиите од ВАР собата сугерираа дека голот е регуларен, што значи дека голманот на Ливерпул си постигна автогол на „Олимпискиот стадион“ во Лондон.

За среќа на Алисон и на Ливерпул во 41. минута гостите израмнија со прекрасен гол на Трент Александер-Арнолд од слободен удар.

Бекот на Ливерпул беше прецизен, а Фабијански воопшто не мрдна од место и само со поглед ја испрати топката во мрежата за 1:1 по првото полувреме.

 

- Оглас -

Најнови вести