Фаулер: Вернер не е доволно добар за Ливерпул, не го правете како да е Ван Бастен

Поранешниот голгетер на Ливерпул, Роби Фаулер, во својата колумна во „Мирор“, напиша дека Тимо Вернер кој го одбил Ливерпул и блиску е до трансфер во Челзи, не е доволно добар за да игра во тимот на тренерот Јирген Клоп. Иако Клоп позитивно се изјасни за Вернер, и го посакуваше во својот тим, Фаулер мисли дека играчот на Лајпциг не е доволно добар за да настапува за Ливерпул.

„Не сум фан на Вернер, околу кој се крева доста прашина. Разбирам дека е талентиран и на некои мечеви блеска. Но, дали Тимо ги исполнува стандардите на актуелното напаѓачко трио на Ливерпул? Мислам дека не. Не е доволно добар. Потврдата ќе дојде следната сезона ако навистина замине во Челзи. Многу фанови на Ливерпул се лути што тој нема да игра за нивниот тим. Изгледа дека Вернер е како Марко Ван Бастен, играч од светска класа кој може да се вклопи во секој тим? Не е така. Тој само повремено блеснува, нема постојаност, и не е подобар од напаѓачите на Ливерпул. Но, за во Челзи, можеби е доволно добар“ – напиша Фаулер.

Вернер сезонава за Црвените бикови од Лајпциг даде 31 гол, а има и 12 асистенции на 40 меча во сите натпреварувања.

- Оглас -

Најнови вести