Фаворитите без проблеми ќе дојдат до победи на последниот ден од 2022 година

1176 Вулверхемптон – Манчестер ј. (13.30 часот)

Манчестер јунајтед моќно тргна во Премиер лигата по паузата поради Светското првенство, победувајќи го Нотинхем форест до 3:0. Победа оствари и Вулверхемптон и тоа против тимот кој му е директен конкурент во битката за опстанок, Евертон (2:1).Волците се незгоден ривал за Манчестер, минатата сезона славеа на Олд трафорд со 1:0 и се реваншираа за идентичниот пораз на домашен терен. На Црвените ѓаволи им одговара гостувањето на „Молино“ стадионот, на последните две гостувања славеа со 0:1 и 1:2, а немаат пораз од 2019 година. Иако менаџерот Ерик тен Хаг, не може да смета да повредените Гринвуд и Санчо, на претходниот натпревар блеснаа Рашфорд и Марсијал.

Предлог тип: 2 & 1+ второ (2.05)

 

1308 Барселона – Еспањол (14 часот)

Барселона веќе успеа да издвојува една победа над Еспањол, судот во Мадрид му ја укина суспензијата на Роберт Левандовски и Полјакот ќе го предводи нападот на фаворитот во градското дерби. Иако испадна од Лигата на шампионите, Барселона игра одлично во Ла Лига и со Реал Мадрид се борат за лидерската позиција на табелата.

Пред паузата поради СП, Барселона оствари пет победи по ред, и денеска има одлична шанса да ја продолжи победичката серија бидејќи и традицијата е на нејзина страна. Во последните десет меча, Барселона нема пораз во дуелите со Еспањол. Згора на тоа, тренерот Чави Ернандез може да смета на сите фудбалери, додека гостите имаат проблеми со повредити и денеска надвор од комбинација за настап се Баре, Гомез, Гори и Педроса.

Предлог тип: 1-1 & 3+ (2.02)

 

1310 Вилјареал – Валенсија (16.15 часот)

Ова е натпревар меѓу екипи кои се наоѓаат на средината на табелата и кои играат променливо. Иако последните два меѓусебни натпревари, екипите ја искористија предноста на домашен терен и славеа со 2:0, традицијата покажува дека навивачите гледаат ефикасни натпревари. На пет од последните седум натпревари биле постигнати најмалку три гола, а шестнеделната пауза поради СП, е гаранција дека играчите се одморени и желни за надигрување, па за очекување е Вилјареал и Валенсија да останат верни на традицијата и да одиграат ефикасен натпревар.

Предлог тип: ГГ 3+ (2.18)

 

1179 Њукасл – Лидс (16 часот)

Најбогатиот клуб на светот, Њукасл, игра фантастично во Премиер лигата и уште во првата година откако ги презеде инвестицискиот фонд од Саудиска Арабија кој е под директна надлежност на престолонаследникот Мохамед бин Салман, е кандидат за титулата. Чавките се трети на табелата со 33 бода, седум помалку од лидерот Арсенал и два од Манчестер сити, а денеска иаат шанса да ја продолжат победничката серија од шест триумфи бидејќи за противник го имаат Лидс. Иако тренерот Еди Хау, не може да смета на најскапото летно засилување, Александер Исак, Бразилците Жоелинтон и Гимараеш како и Парагваецот Алмирон играат фантастично и се најзаслужни за победничката серија. Њукасл пред пет дена со 3:0 славеше на гостувањето кај Лестер, додека Лидс беше поразен од Манчестер сити и го чека тешка борба за опстанок, но бодови би требало да бара на друго место.

Предлог тип: 1-1&2+ (2.16)

 

1178 Манчестер сити – Евертон (16 часот)

Омилена жртва на Пеп Гвардиола и Граѓаните им е токму денешниот противник, Евертон. Откако Гвардиола седи на клупата на Сити, само на првиот меѓусебен натпревар не успеа да го совлада Евертон играјќи 1:1, а потоа победи во наредните 10 натпревари и за очекување е денеска да дојде до 11-та победа во низа.
Главен адут во трката по нови три бода на Гвардиола е Ерлинг Халанд кој продолжува да соборува рекорди и да ги импресионира и навивачите и експертите. Евертон последен пат на „Етихад“ победил пред точно 12 години.

Предлог тип: 1-1 & 2+ II (2.13)

 

- Оглас -

Најнови вести