Фаворитите очекувано минаа во првиот ден од АТП-турнирот во Париз

Рафаел Надал за помалку од два часа го совлада Адријан Манарино со 2-0 во сетови (7-5, 6-4) за пласман во осминафиналето од Мастерс турнирот во Париз. Шпанецот е во поход кон својот прв трофеј на овој турнир откако веќе едно финале загуби во 2007 година.

Кога беше најпотребно, Надал правеше брејк во сетовите. Прво за водство од 1-0 му одзеде гем на Манарино за 7-5, а потоа следуваше брејкот и за победа на шпанскиот тенисер, кој ја искористи првата меч-топка.

Во следното коло Надал ќе се пресмета со Стен Вавринка, кој претходно денеска по два сета славеше против Марин Цилиќ.

Новак Ѓоковиќ, исто така, триумфираше по два сета, Србинот го надигра младиот Корентин Мутет со 7-6, 6-4. Сè уште светскиот рекет број 1 доста се намачи за да ја оствари победата, откако при резултат од 5-3 во првиот сет спаси две сет-топки, па со 7-2 во тајбрејкот поведе. Ѓоковиќ потоа му одзеде два гема на сервис на Мутет, а притоа ја искористи првата меч-топка за пласман во следната фаза.

Изненадување во првото коло приреди Кајл Едмунд со победата од 2-0 над Диего Шварцман, па Британецот закажа пресметка против Новак Ѓоковиќ во осминафиналето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести