Фаворитите станаа англиски пациенти – Не победи ни Манчестер сити

Манчестер сити повторно киксна во Премиер лигата на меч на кој веројатно освен гостите од Бирмингам, никој друг и не очекуваше, па одигра само 1:1 против ВБА.

Апсолутниот фаворит поведе со голот на Гундоган по половина час игра и имаше потполна контрола на мечот сè до чудниот момент во финишот на мечот.

Во 43-тата минута Рубен Дијас,  стоперот на Граѓаните, си постигна автогол за радост на гостите, кои израмнија на 1:1 и на крајот ги издржаа сите напади на Манчестер сити и освоија голем бод на гостувањето кај еден од кандидатите за титулата.

До овој меч, Манчестер сити имаше 13 победи по ред против ВБА и вкупно 14 во сите натпреварувања.

Ремито на Сити доаѓа по поразите на Челзи од Евертон и вечерва од Вулверхемптон, а серијата без победи на фаворитите ја почнаа во минатото коло и Ливерпул, Тотенхем и Арсенал.

Петнаесетина минути порано, во меч од Серија А, и Лацио не успеа да го победи аустајдерот Беневенто, па браќата Инѕаги, Филипо како кормилар на Беневнето и Симоне како тренер на Лацио ги поделија бодовите.

 

 

- Оглас -

Најнови вести