Фавр имаше необична епизода – Се повреди од радост по голот на Халанд (Видео)

Лусиен Фавр имаше необична епизода во финишот на мечот меѓу неговата Борусија Дортмунд и Фортуна Диселдорф и при прославата на победничкиот гол што го постигна Ерлинг Халанд се повреди.

Норвежанецот им обезбеди триумф на гостите со погодок во петтата минута од судиското продолжение, а потоа мораше да мисли и на својот тренер.

https://twitter.com/Foet247Europe/status/1271830685444177920?s=20

Фавр веројатно ќе си замине од клубот на крајот од оваа сезона, а веќе е јасно дека на Милионерите на разделбата ќе им донесе пласман во Лигата на шампионите.

Борусија по денешната победа остана на второто место на табелата со 66 бода и ќе и треба само уште еден, или два бода за да има загарантирано учество во Лигата на шампионите и идната сезона.

- Оглас -

Најнови вести