Феде кога шутира мора да се бега, играчот на Реал Мадрид може да биде хит на Мундијалот во Катар (Видео)

Играчот за врска на Реал Мадрид, Феде Валверде може да биде хит на Мундијалот во Катар со топовскиот удар што го има, а го презентираше и вчера на пријателскиот меч меѓу Уругвај и Иран.

Неговата репрезентација, Уругвај загуби со 0:1, а играчите на противничката селекција бегаа кога Феде шутираше кон голот на Иран.

Двапатри директно во глава го погодуваше несреќниот Шоја Кализадех, кој паѓаше како покосен на тревата по разорните шутеви на Валверде.

Valverde’s shots vs Iran from soccer

Уругвај и Иран ќе играат на Мундијалот во Катар од 21. ноември до 18. декември.

Уругвај е во Х групата со Португалија, Гана и Јужна Кореа, а Иранците се во Б групата со Англија, Велс и САД.

- Оглас -

Најнови вести