Федерацијата за фудбалска историја и статистика ја рангира Македонија како 63-та сила на светот

Интернационалната Федерација за фудбалска историја и статистика ја рангираше Македонија како 63-та фудбалска сила на светот за 2020 година, а на листата има вкупно 80 репрезентации.

Тоа е скок од 14 позиции во однос на рангирањето за 2019 година, кога бевме 77-mi на планетата, а напредокот секако се должи на големиот успех на Пандев и соиграчите, кои успеаја за првпат да се пласираа на Европско првенство во историјата на македонскиот фудбал.

Прва на ранг-листата на ИФФХС е Италија, четирикратниот светски првак, пред фудбалските велесили Англија, Бразил, Шпанија и Германија.

Во Топ-10 се и актуелниот европски првак Португалија, потоа и Франција, која е светки првак, Парагвај, Аргентина и Еквадор.

Изненадување е многу нискиот пласман на Белгија, која е дури 23-та според критериумите на ИФФХС. Сите три наши ривали во првата фаза на Европското првенство се наоѓаат на листата, а најдобар ранкинг на 17-тото место има Австрија, селекција со која на 13 јуни ќе го играме првиот и историски меч на големите натпреварувања во Букурешт.

Холандија е веднаш зад нив на 18-тото место, а со Лалињата ќе го играме последниот меч во нашата група, во Амстердам на 21 јуни.

Украина е на 21-вото место и со неа ќе го играме вториот меч на ЕП, во Букурешт на 17 јуни.

 

- Оглас -

Најнови вести