Федерер: Да сакав да го избегнам Надал, немаше да се појавам на Ролан Гарос

Полуфиналето од Ролан Гарос оваа година ќе приреди суперинтересна пресметка меѓу едни од најдобрите тенисери, Роџер Федерер и Рафаел Надал. Швајцарецот и Шпанецот низ историјата досега меѓусебе играле 38 пати, а Надал е подобар со 23 победи, 15 се на Роџер.

На париската земја последен пат се сретнаа во 2011 година, во битката за титулата на Отвореното првенство на Франција Надал триумфираше со 3-1 во сетови. По денешната победа против сонародникот Вавринка, Федерер истакна дека не се плаши од неговиот следен противник. Да беше тоа случај, немаше да учествува во овогодинешното издание.

„Среќен сум што стигнав до оваа фаза од натпреварувањето. Веќе неколку години моите авантури на Ролан Гарос завршуваа многу порано, а сега ги надминав своите очекувања. Сега ќе играм против Надал, возбудата е голема. Се надевам дека ќе бидам максимално подготвен и ќе прикажам добра игра. Многу добро го познавам Рафа, но јас ги следам мојот план и мојата игра. Секогаш барам нов начин да дојдам до победа, така што нема потреба да чувствувам страв поради фактот што играм против него. Да сакав да го избегнам Надал, немаше да се појавам на Ролан Гарос“, истакна Федерер.

Инаку, искусниот Швајцарец од 2015 година не учествувал на Отвореното првенство на Франција, а во досегашниот негов тек на шампионатот загуби само еден сет, и тоа денес против Вавринка во победата од 3-1 во сетови.

Денеска треба да бидат познати и останатите двајца полуфиналисти. За во 15:30 часот се закажани дуелите Ѓоковиќ – Зверев и Хачанов – Тим. Ѓоковиќ и Тим ги имаат фаворитските улоги, а за целозната понуда за обложување посетете ја страницата на Sport Life.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

1 КОМЕНТАР

Коментарите се затворени.

- Оглас -

Најнови вести