Федерер е неприкосновен, а Надал и Ѓоковиќ заедно не можат да му парираат во една работа

Роџер Федерер е класа којашто Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ тешко дека некогаш ќе ја стигнат.

Вечна е дилемата за тоа кој е најдобар тенисер на сите времиња бидејќи секоја страна си има свои аргументи, но во еден сегмент, а се вбројува меѓу најважните, Швајцарецот е неприкосновен.

Федерер играше само на пет турнири во минатата сезона, но од спонзорите успеа да инкасира неверојатни 280 милиони евра, од кои дури 80 милиони му се „чиста“ заработка.

Новак Ѓоковиќ, пак, имал чиста заработка од малку повеќе од 33 милиони евра, додека, пак, Рафа Надал инкасирал околу 24 милиони евра.

Интересно е што веднаш зад нив во машкиот тенис со заработката се наоѓа Кеј Нишикори кој, пак, имал профит од 23 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести