Федерер и Надал пак ќе бидат партнери во Лејвер купот

Роџер Федерер и Рафаел Надал повторно ќе ги спојат силите за ревијалниот турнир, Лејвер куп, кој ќе се одржи во септември 2019 година. Домаќин на турнирот ќе биде Женева, Швајцарија, а Рафа и Роџер ќе го претставуваат тимот на Европа на овој настан, чиј предводник е легендарниот шведски тенисер Бјорн Борг.

Во второто издание од овој турнир, тимот на Европа по втор пат го освои пехарот, но Федерер за партнер тогаш го имаше првиот светски рекет, Новак Ѓоковиќ. Пред тоа, негов партнер беше Надал, кој оваа година не можеше да настапи поради повреда, но сега „старото“ дуо ќе се врати на тениските терени и ќе се обиде трета година во низа да го освои трофејот.

 

- Оглас -

Најнови вести